Џесика тврди дека треба да ги миете четките на секои две недели

Колку често ја миете четката за коса ? Редовно, на секои неколку месеци, никогаш…?

Па, кога ќе видите колку нечистотија се акумулира во нив за кратко време, тоа ќе го правите многу почесто. Видеото објавено на Тик Ток од Џесика Халцман привлече огромно внимание.

Џесика тврди дека треба да ги миете четките на секои две недели, а потоа демонстрира зошто е тоа потребно. Четките ги натопила во вода со малку шампон и сода бикарбона и ги оставила 30 минути.

Advertisement

Нечиста вода полна со коса и други остатоци ги згрози сите што ја погледнаа снимката.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!

Advertisement