„Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата меѓу Македонија-Косово“, вели лидерот на ДУИ во изјава за ТВ 21

Инаку, пред нешто повеќе од една недела актуелниот прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, во гостување на албанската телевизија Ора њуз изјави дека Груби веќе не е во Косово, туку се наоѓа во Албанија. Меџити ваквите свои наводи избегна да ги потврди за домашните медиуми и кажа дека треба да се остави на Обвинителството и на Министерството за внатрешни работи да си ја работат работата

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети вели дека не ја знае актуелната локација на поранешниот висок партиски функционер и ексвицепремиер, Артан Груби, откако вчера за косовски медиум изјави дека ексвицепремиерот кој е во бегство, е добар и се наоѓа на „албанските простори“.

По денешните реакции и барања кои стигнаа од премиерот Христијан Мицкоски, но и од опозицискиот СДСМ тој да каже каде се наоѓа Груби, Ахмети во изјава за ТВ 21 тврди дека нема контакт со ексвицпремиерот.

Advertisement

За неговата вчерашна изјава вели дека била базирана на тоа што јавно било изјавено од претставници на Владата.

„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата меѓу Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и господинот Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“,

изјавил Ахмети за ТВ 21.

Advertisement