Го пронашла својот изгубен син по 30 години, благодарение на нејзиниот татко, кој се одлучил на еден потег пред неговата смрт.
Ли Џијан (33) исчезнал кога имал само 3 години додека шетал со семејството на улица во градот „Чангџи“ во 1989 година.
Сепак, судбината го однела во град на 150 километри од местото каде што е роден. Како момче, на железничката станица го пронашол маж кој го посвоил. Вистинското семејство со години не се откажувало од потрагата по момчето, по станиците и болниците делеле илјадници летоци со неговата слика, но од него немало ни трага ни глас, објави Дејли Мејл.
– Не можев да спијам ноќе размислувајќи што може да се случи со мојот син. Не ми излезе од глава – рекла неговата мајка. Таткото на момчето се обвинил себеси за тоа што се случило, а починал неколку години подоцна.
Но, пред смртта, таткото решил да направи еден потег, кој денеска после 30 години им помогнал на мајката и синот повторно да се спојат. Имено, тој ја одвел сопругата да остави отпечатоци, бидејќи слушнал дека тоа може да помогне во пронаоѓањето на исчезнатите членови на семејството.
Полицијата случајно открила дека е посвоен млад човек по име Џијан Џиан, па побарале од него да им даде отпечатоци.
Тој се согласил и по проверката на податоците, се покажало дека неговите отпечатоци се совпаѓаат со оние што ги дале неговите биолошки родители.
Со подетална истрага е утврдено дека младото момче е всушност исчезнато дете, а набргу потоа настанала емотивна средба.
„Сине, мајката доаѓа“, рекла расплаканата мајка додека одела во прегратките на својот син за кого размислувала 30 години.
„Овој момент го чекав триесет години. Бевте толку блиски сите овие години – рече таа, додека и младиот човек емотивно реагираше на средбата. Тој ги избриша солзите на мајка си и и рече да не плаче.
Човекот кој го посвоил рекол дека на станицата видел расплакано дете и го однел дома, а после тоа не можел да ги најде родителите. Младиот човек изјавил дека семејството во кое живеело кон него се однесувало како да е нивно дете.