32-годишна мајка на дванаесет деца која има милиони следбеници на социјалните мрежи неодамна откри детали од својата животна приказна и наиде на поделени реакции




Имено, Бритни Черч го родила своето прво дете на 16 години, а последното на 32 години.
Од 16 до 19 години родила четири деца, што значи дека најголемиот дел од најдобрите тинејџерски години го поминала бремена. На 30 години родила тројки, а последното 12-то дете го родила на 32 години.




Многумина го видоа видеото во кое таа покажа колку деца родила во тинејџерските години, колку во 20-тите, а колку во 30-тите, па ја пофалија што се грижи за толку многу деца.




„Па, го имате целиот кошаркарски тим“, „Децата се благослов“, „Ти се восхитувам, имам три и едвај можам да направам се“, напиша еден под видеото кое има речиси половина милион прегледи.




Сепак, како и обично под овие видеа во кои младите мајки зборуваат за своето многудетно семејство, има и такви кои го критикуваат и не го сметаат за нормално.




„Колку од овие бремености биле случајни? Невозможно е да сте планирале сè“, „Повеќе сте биле бремени во животот отколку што не сте биле“, „Дали некогаш сте слушнале за контрацепција“, напишаа некои, но Бритни ги игнорираше нивните коментари.











