Поранешниот севернокорејски војник, кој пребегна во Јужна Кореја, откри детали за неговиот живот во земјата.




Човекот , кој сакаше да остане анонимен за Intependent , изјави дека неговото бегство се претворило во очај, откако бил фатен кога ја пренимувал границата.




Петнаесет дена ги поминал во агонија со секојдневни физички малтретирања, а неговото семејство било уапсено и постојано испрашувано.




Човекот бил две години војник во војската на Северна Кореја, се додека не бил фатен и протеран. Истовремено бил принуден да ги остави жената и ќерката зад себе.




Неговото семејство сега гладува и се обидува да преживее. Тој вели дека ќе бара работа во Кина, за да заработи пари и да им ги испрати.




Бил сведок на јавни егзекуции, вклучувајќи ги и оние на неговите колеги од редовите на војската.




„Во нашата единица, кога бев поручник , видов еден од нашите војници егзекутиран од огнено оружје.Јавни егзекуции … Сум видел многу јавни егзекуции “ – раскажува бившиот војник.




Кога го прашале што мисли за снимките од Ким Јонг Ун на прославата на 70-годишнината на земјата , тој вели:




„ Луѓето мора да ракоплескаат и да го величат неговото име. Ако ве забележат дека не ракоплескате ќе имате голем проблем. Мора да го правите тоа оти не сакате да умрете” – вели протераниот војник.(Архива)











