Со овој трик ќе заштедите и време и нерви.
Повеќето луѓе имаат потешкотии да го вметнат конецот низ дупката на иглата и се борат неколку минути, а не е невообичаено некои да се откажат од шиење.




Многумина не ни помислуваа дека тоа го прават погрешно. Сепак, едно интересно видео открива дека правиме голема грешка кога се обидуваме да го протнеме конецот низ дупката.




Овој трик трае само неколку секунди, заштедува време и нерви!
Во споменатото видео можете да видите како се става конецот на дланката, додека иглата се трие преку конецот. Триењето предизвикува конецот лесно да помине низ дупчицата.




– Оној непријатен момент кога сфаќаш дека цел живот правиш нешто сосема погрешно – напишал авторот на видеото Џон Бик во описот на видеото.




Потоа следеа бројни коментари на луѓето кои беа воодушевени од овој трик.




„Ова е моментот кога сфаќаш дека си будала“, „Се чувствувам толку глупаво“, „Се измачував со ова 15 минути или повеќе“, „Не можам добро да го видам дупчето поради диоптријата и ќерка ми не може поради ноктите Ова е совршено“, „Какво олеснување“, „Колку значат некои ситници во животот“, беа коментарите на луѓето.











