Приказната од 1997 година за момчето Лендон кое по 3 реанимации се разбудило од кома и и кажало на мајка си што видел од другата страна сè уште ја интригира светската јавност и предизвикува морници.
Лендон, 8-годишно момче , во 1997 година. се враќал дома од црква со мајка му Џули и тато Енди Кемп, кога доживеале сообраќајна несреќа. Таткото починал, а мајката се здобила со полесни повреди . Автомобилот бил толку уништен што пожарникарите прво не го ни забележале момчето . Дури кога ја виделе неговата патика, сфатиле дека и тој е во урнатините.
– Не слушнав што викаше. Не видов дека брзата помош доаѓа. Но се сеќавам како викаше. Тоа беше последното што го слушнав – рекла Џули, мајката на момчето.
Потоа објаснила зошто телото на момчето не било веднаш забележано.
– Не можеа да го видат неговото тело поради оштетувањата на возачката страна на автомобилот. А Лендон седеше зад татко му. И кога ја видоа неговата патика, требаше да погледнат подлабоко. Кога го извлекле од задниот дел од автомобилот, тој не дишел, се присетила неговата мајка Џули.
Накратко го оживеале, но додека стигнал во болница, срцето му застанало уште два пати и едвај го реанимирале. Следните недели бил во кома, а лекарите рекле дека шансите да преживее се минимални.
Сепак, тој за чудо ја преживеал тешката операција, без знаци на оштетување на мозокот. Кога конечно се разбудил, мајка му се подготвувала да му каже дека татко му починал. Меѓутоа, во еден миг ја шокирал кога и кажал што видел на небото и дека знаел дека татко му починал.
– Го прашав: „Знаеш ли каде е татко ти?“, а тој ме шокираше со одговорот: „Да, знам, го видов на небото“ – рекла Џули.
Тогаш доживеала уште поголем шок.
– Во еден момент се наведна кон мене и ми рече: „Ех, да мамо, заборавив да ти кажам, ги видов и твоите две деца горе!“ Бев зачуден бидејќи тој не можеше да знае дека пред да го родам, имав два спонтани абортуси. Јас и Енди никогаш не му го кажавме тоа – низ солзи истакнала Џули.
Кога по трет пат се „вратил“ од другиот свет, Лендон тврди дека го сретнал Исус Христос.
– Исус ми рече дека морам да се вратам на земјата, да бидам добар христијанин и да им кажувам на другите за него – рекол Лендон.
Денес, човекот кој ја преживеа сообраќајната несреќа вели дека ја користи својата приказна за да им помогне на другите кои се борат со загубата и имаат потреба од надеж.











