ЕДНА девојка планирала да го остави своето момче, а потоа сфатила дека е бремена. Работата да биде уште полоша, сфатила дека е вљубена во нивниот добар пријател кој живее со нив, па решила да се обрати кај психотерапевтот Колин Нолан за да дознае што би било најдобро да се направи.




-Јас сум во доцните дваесетти и бремена сум со детето на мојот дечко. Воопшто не беше планирано и не сум многу среќна поради тоа. Живееме во стан со уште едно момче со кое сме блиски пријатели откако сите заедно учевме, а кратко пред да дознаам дека сум бремена, сфатив дека имам чувства кон цимерот. Неодамна се бакнавме кога се вративме од ноќно излегување – напишала жената во исповед за Мирор.




Таа рече дека планира да се исели и да раскине со своето момче, но потоа откри дека е бремена. Нејзиното момче нема поим што се случува и како таа се чувствува за нивниот пријател, но би бил шокиран и лут доколку дознае. Разговарала со цимерот во кој била заљубена, но и двајцата се согласиле дека ќе настане хаос и дека во моментов не можат ништо да направат. Не можела да ја прекине бременоста бидејќи кога дознала веќе била бремена во четврти ипол месец.




– Ова е многу комплицирано, но мислам дека треба, ако можеш, да ја одвоиш бременоста во иднина од тоа како се чувствуваш за твоето момче. Можеби ова не е вашето идеално сценарио, но не мора да бидете заедно за да одгледате дете и да бидете добар родител.




Очигледно сте размислувале за раскинување додека не дознале за бременоста и раѓањето на бебето нема да ви помогне да се чувствувате поинаку. Всушност, тоа ќе изврши огромен притисок и врз двајцата. Мислам дека најдобро би било да ја прекинеш таа врска сега и да се фокусираш на детето, па после неколку месеци да видиш како се чувствуваш. Што се однесува до цимерот, не форсирај сега врска со него. Започнувањето врска во такви околности со некој кој не е татко е многу тешко. Ако ви е судено да бидете заедно, тој ќе ви го даде потребното време – одговорил психотерапевтот Колин Нолан.




Споделете го вашето размислување со нас во КОМАНЕТАР!