Проподобниот отец Прохор Пчински, подвизувајќи се со добар подвиг во Нагоричанската и Козјачката пустина, се родил за време на царувањето на цар Диоген.




Родителите на светиот Прохор, Јован и Ана, побожно живееле во Овчеполскиот крај. Тие биле натажени луѓе, бидејќи долго време немале деца. Горејќи од желба за деца, тие усрдно везнесувале молитви кон Бога и многу милостиња давале по црквите и сиромашните.




Ана зачнала во староста и родила син, кој на крштението добил име Прохор. Кога Прохор наполнил осум години родителите го испратиле да ја изучува писменоста. Прохор многу напредувал во учењето и со тоа многу ги зарадувал своите родители.




По Божја промисла се случило ова: некој човек по име Диоген, дошол во лов во пустината, каде што преподобниот се подвизувал. Тој сдогледал една срна и почнал да ја брка. Срната бегајќи дотрчала во пештерата на преподобниот, кој, пак, често ја хранел. Гледајќи ја срната многу уплашена, проподобниот ја запрашал: Зошто така бегаш? Тогаш пристигнал и Диоген, па гледајќи го влакнестиот старец, облечен во искинати алишта, силно се исплашил, се свртел назад и почнал да бега. Светиот пустиножител, предвидувајќи со Духот дека набргу ќе стане цар, почнал да го доикува, велеќки: Диогене, врати се! Не плаши се! Застани! Па и јас сум човек. Слушајќи ги зборовите на преподобниот, Диоген се вратил и со страв паднал пред нозете на чудниот старец, барајќи благослов од него. Светиот старец го благословил и пророчки му рекол: “Диогене, оди веднаш во Цариград, бидејќи Бог ќе те издигне на царскиот престол.




А тогаш немој мене да ме заборавиш. Тие, па калишта што се на тебе, остави ги во посебна соба и често навраќај се да ги видиш, спомнувајќи си и за мене, старецот, кој живее во оваа пустина.” Диоген го послушал старецот и веднаш отпатувал во Цариград. И пророштвото на светиот старец се исполнило: по кратко време Диоген станал цар. Тогаш тој постапил по заповедта на светиот пустиножител и своите стари облеки ги оставил во посебна соба. Но, набргу заборавил на нив. Триесет години после тоа преподобниот Прохор му се јавил на Диоген на сон и му рекол: “Зошто, Диогене, ги заборави своите претходни аблеки, а и мене, старецот? Погрижи се да ми подигнеш макер и малечок храм.”




Откако се разбудил, царот го опфатил страв и веднаш отишолд а ги види своите стари облеки и се потцетил на се што му рекел старецот. Сакајќи да ја исполни желбата на преподобниот, царот заминал во пустината, во која го пронашол светиот подвижник бркајќи ја срната.




Доаѓајќи во Жеглиговскиот крај, царот не можел да го пронајде светиот старец, бидејќи пред тоа, по Божја промисла, старецот преминал на планината Козјак. А тоа се случило откако ангел Господов се јавил на преподобниот и му рекол: „Бегај одавде длабоко по пустината во пустината и насели се на Козјак“.
Манастирот Св. Прохор Пчињски




Светиот Прохор го послушал гласот Господов и доаѓајќи на Козјак пронашол мала пештера и во неа се населил. Тука живеел уште триесет години, подвизувајќи се со пост и молитва и угодувајќи на Бога со исполнување на Неговите свети заповеди. Со таквиот богоугоден живот тој стекнал дар на прозорливост и чудотворство. И тогаш, веќе во длабока старост, му се јавил на сон на царот Диоген. Царот, патувајќи, го нашол местото на подвижништво на Божјиот угодник и тука, во Нагоричани, му подигнал храм. Но, царот многу тагувал бидејќи не знаел каде почиваат неговите мошти. Затоа усрдно со молел на светиот Прохор да му ги открие неговите мошти.




И светиот Прохор му се јавил во сон и му рекол неговите мошти да ги бара во Козјачката пустина. Тогаш царот испратил многу војници да ги бараат моштите од светителот. Тие ги барале многу денови, но нивниот труд бил залуден. А еден старец, стоејќи на врвот од планината Козјак, откаде можел да се види целиот Козјак и во ширина и во должина, здогледал еден бел орел како лета над пештерата над која се наоѓале моќтите на светиот Прохор.




Таму се упатиле сите, заедно со царот, и во пештерата ги пронашле нераспадливи моштиле на светителот. Царот и сите што биле со него паднале ничкум пред моштите на светителот па со големо стравопочитување и побожност, со пеење на црковни песни, ги зеле, ја преминале реката Пчиња и дошле во ногоподигнатиот Нагоричански храм. Кога утредента дошле во храмот, во него не ги нашле светите мошти, кои, пак, сами се вратиле во својата пештера. Но, тие повторно ги донеле, а моштите пак сами се врателе.




Тоа се случиле трипати. Тогаш царот одлучил светителот да го понесе со себе во Цариград, па го товариле телото на една маска. Но, маската не сакала да се помрдне од местото. Царот во тоа ја видеј желбата на светиот отец Прохор и тој наредил, да се подигне нова црква на реката Пчиња и во неа нераспадливо до денес почиваат светите и чудотворни мошти, од кои тече свето и исцелително миро.
Моштите на Свети Прохор се наоѓаат во истоимениот манастир во долината на Пчиње и се единствените миро-бања во Србија.
Деновиве се случува обилен проток на мир од моштите на Свети Прохор Пчињски, објавено е на ФБ страницата на манастирот. Моштите на Свети Прохор се наоѓаат во истоимениот манастир во долината на Пчиње и се единствените миро-бања во Србија.
Легендата вели дека додека ловел на планината Козјак, Диоген го сретнал пустиникот Прохор, кој му прорекол дека ќе стане цар, но го предупредил да не заборави на стариот пустиник.