Опасниот топлотен бран зафати делови од Кина, САД и Европа.

Најмалку 86 кинески градови издадоа предупредувања, а температурите се зголемуваат во југозападниот и централниот дел на САД и на Пиринејскиот Полуостров.

Кинеските метеоролози предвидуваат дека температурата во некои градови во следните 24 часа ќе достигне 40 степени Целзиусови, пишува лондонски „Гардијан“.

Во Шангај, најнаселениот град во Кина, властите ги предупредија жителите да се подготват за невообичаено топло време.

Advertisement

Од почетокот на температурните рекорди во 1873 година, Шангај има само 15 дена со температури над 40 степени Целзиусови.

– Ова е премногу топло за јули. Климата ми е вклучена денеска цел ден и воопшто не се осмелувам да излезам – дури ни на балконот – вели Ванг Јинг, 35-годишен жител на Шангај, кој планира да работи од дома во наредните денови.

Југозападните и централните области на САД се соочуваат со екстремна топлина, со 42,2 степени Целзиусови во Вака и рекордни температури измерени минатиот викенд во градовите во Тексас, Колорадо, Оклахома и Арканзас.

Се предвидува пад на температурите во Тексас до крајот на неделата, додека Аризона ќе продолжи да расте, достигнувајќи 45 степени Целзиусови следниот петок во главниот град на државата Феникс.

Шпанија е зафатена од вториот топлотен бран ова лето, а температурите оваа недела во некои јужни и југозападни делови од земјата достигнаа 44 степени Целзиусови.

Advertisement