Погледнете што ставила баба во зелката и добила ручек полн со витамини во овие студени зимски денови
Состојки: 1 главица зелка, 2-3 моркови, 1 китка млад кромид, 5-6 чешниња лук, 1 целер, 2-3 компири, зелени пиперки (слатки и лути), 1-2 домати (може и да се варат ), сув зачин, пипер, 1 лажица брашно, масло
Упатство: Зелката исечкајте ја на покрупни коцки и половината ставете ја во шерпата, а зеленчукот исечкајте го на прстени или коцки и ставете ја во средината на шерпата врз зелката и покријте ја со другата половина од зелката. Додадете пиперки, лист целер или јаглика. Истурете половина вода и варете околу 45-50 минути. Додадете зачини и домати кога ќе се свари зелката.
Истурете малку масло во тавата, додадете брашно и лук. Малку се пропржува, се додава пиперот и веднаш се трга од оган и се прелива во зелката. Пробајте, па посолете ако е потребно. Исечете уште неколку листови од јаглика.
Оставете да се динста уште минута-две и исклучете ја ринглата.
Пријатно!