Момче (6) од Италија починало во египетско одморалиште откако со денови повраќало.




На почетокот лекарите мислеле дека се работи за стомачен вирус, но неговата состојба набрзо се влошила. По неуспешната реанимација, лекарите констатирале смрт, а резултатите од обдукцијата нема да бидат познати наскоро.




Таткото на момчето Антонио Мирабиле (46) и неговата бремена сопруга Росалија Маносперти дошле на одмор со синот во Шарм Ел Шеик. Сепак, на момчето набрзо му се слошило, а потоа и на остатокот од семејството.




Братот на мајката на момчето за италијанските медиуми изјавил дека момчето и неговиот татко се во тешка состојба, додека таа имала поблаги симптоми.




„Постојано повраќаа. Тие заминаа на 26 јуни и во Египет требаше да останат две недели. Со месеци го планираат одморот“, рече тој.




Таткото на момчето првично се посомневал дека проголтал вода од базенот, по што му дале апчиња за труење со храна.
Бидејќи целото семејство продолжило да повраќа, биле принудени да повикаат брза помош.




Лекарите цел час се обидувале да го реанимираат момчето, но не можеле да го спасат. Неговиот татко се уште е во тешка состојба, а лекарите најавија дека му откажуваат бубрезите.




Лекарите веќе извршиле обдукција на малото дете, но причината за смртта нема да се знае со месеци











