Полицијата проценила дека змијата била долга најмалку четири и пол метри
Полицијата во Пенсилванија убила змија за да спаси човек што го давел, јавува CBS. Еден од полицајците го опиша настанот како сцена од хорор филм.




Полицијата добила повик за маж со змија завиткана околу вратот. Си-Би-Ес објави дека маж во Фогелсвил доживеал срцев удар.
Кога полицијата пристигнала во куќата, 28-годишниот маж лежел на подот и не реагирал, додека средниот дел од големата змија му бил замотан околу вратот.




Еден од полицајците успеал со куршум да ја погоди змијата во главата без да го повреди човекот.
После тоа успеале да го ослободат.




Тој итно бил пренесен во подрачна болница, а неговата состојба не е позната.
Гардијан пренесува дека еден од полицајците настанот го опишал како сцена од хорор филм.




Полицијата проценила дека змијата била долга најмалку четири и пол метри.