Пораката од Британецот кој ја нашол сопругата во кревет со сосед стана вирална.




Посебниот „британски“ стил на пораката многумина го оценија како „пасивно агресивен“, бидејќи во неа маж побарал од соседот да избегнува „валкани дела“ со неговата сопруга, бидејќи тие не се во отворена врска, пренесува Мирор.




Пораката ја сподели на социјалната платформа „Редит“, а во описот напиша дека дошол дома и нашол жената со друг и дека е прилично сигурен дека неговиот тон во пораката е целосно на место.
Не се знае каде била оставена пораката и кога дошло до пресметката, пренесува Мирор.




– Еј, само сакав да те известам дека спиеш со мажена жена и дека не сме во отворена врска, па навистина не треба да практикуваш „валкани дела“ со неа – наведува сопругот во пораката.




Тој додаде дека разбира оти човек понекогаш е осамен.




– Не ми пречи фактот што застанавте некое време, кога јас не бев дома. Убаво би било следниот пат кога ќе решите да го направите тоа, да ме известите малку порано, за да ви направам место за паркирање – рече тој.




Наводно скршен сопруг, пораката ја завршил со „На здравје, број 86“.




Досега 600 корисници на оваа социјална платформа ја коментирале објавата.
Кој е вашиот коментар?











