Павел Глоба е еден од најпознатите и најпопуларните руски астролози и покрај тоа што многумина се сомневаат во неговите прогнози, тој предизвикува големо внимание на социјалните мрежи и луѓето со задоволство го следат




Овој пат тој издвои три знаци од Зодијакот кои ќе имаат многу добар период во март, а нивните животи ќе се развиваат во најдобар можен правец, пренесува „Прочепетск.ру“.




РАК
Раковите во март ќе бидат во центарот на вниманието, а првиот месец од пролетта би можел да им донесе промоција на работа, успех во љубовната сфера, многу инспирација и креативност. Ова ќе ви даде нова сила и енергија, ќе ве натера повеќе да верувате во себе и затоа ќе работите на нови проекти и идеи.




ДЕВИЦА
Сите врати ќе бидат отворени за девиците во март! Вашиот труд и посветеност на работа ќе бидат забележани, пофалени и запаметени, а односите со семејството и пријателите ќе цветаат. Она на што треба да обрнете внимание е да најдете баланс помеѓу приватниот и деловниот живот и да одвоите време само за себе.




ВАГА
Зборот кој ќе го одбележи вашиот месец март е избор. Она што ве одвојува од напредувањето во кариерата, наоѓањето партнер или решавањето на финансиските проблеми се ваши одлуки. Глоба истакнува дека март ќе ви донесе вистински можности и одговори, а се што треба да направите е да ги искористите! Нема да ви недостига енергија за да ги реализирате вашите планови!