Џо Бајден падна од велосипед во близина на неговата куќа на плажата Делавер, неколку моменти откако ги поздрави новинарите со мавтање и весело „Добро утро!“

Претседателот бил пред крајот на возењето велосипед со првата дама, Џил Бајден, во близина на плажата Рехобот, каде парот ја слави 45-годишнината од бракот.

79-годишниот претседател, придружуван од агенти на Тајната служба, возел со одредена брзина кон кривината, пред да закочи за да разговара со толпата која му посакува „Среќен Ден на таткото“ и тогаш падна.

Неочекуваното паѓање на Бајден дојде откако тој застана и не можеше да ги ослободи патиките од педалите.

Advertisement

На прашањето дали е добро, Бајден одговорил: „Добар сум“. Запрашан што го предизвика падот, Бајден рекол дека педалите на неговиот велосипед биле стегнати.

Тој накратко разговарал и со новинарите. Запрашан дали е задоволен од напредокот во законодавството за оружје, Бајден изјавил: „Во Делавер сум. Дали видовте што направија во Делавер? Донесоа забрана за оружје. Го направија тоа што јас го правев пред години. Но, среќен сум со напредокот“.

Бајден, облечен во светло сини чевли, сива маичка, морнарски шорцеви и бела кацига, се врати на својот велосипед. „Добро момци, се гледаме“, рече тој, пренесе Гардијан.

Advertisement