Билка која е богата со витамини и може да го зајакне имунитетот.




Оние кои не ги разбираат растенијата го откорнуваат и газат растението без да знаат колку е богато со витамини и минерали. Многу луѓе го мешаат со трева, а содржи омега-3 масни киселини, кои во голема мера го намалуваат количеството на триглицериди кои можат да предизвикаат затнување на крвните садови.




Исто така, тие можат да го намалат крвниот притисок, но и да ја разредуваат крвта. Тушт содржи витамини А, Б и Ц, многу минерали (магнезиум, калциум и железо).
Одгледувањето на ова едногодишно растение е едноставно и лесно, а неговото стебло може да достигне висина и до 30 см. Најинтересно е што расте во различни услови, дури и на тротоар, покрај ѕидовите на куќата и е доста упорно и издржливо растение.




Се верува дека тушт може да го зајакне имунитетот, но и да го намали ризикот од ревматоиден артритис, деменција, астма, срцеви заболувања и депресија. Со оглед на тоа што е богат со витамин А, поволно делува на здравјето на очите, а е вистинско богатство на Ц.
Тушт може да се користи како зачин.




Бидејќи има малку солен вкус, најчесто се користи како додаток во јадењата. Младите листови се користат за подготовка на салата, додека од постарите се подготвуваат супи и чорби. Многу е важно растението да се користи веднаш по берењето бидејќи со текот на времето се губат неговите благотворни ефекти.
Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











