Ви носиме посебен рецепт за варено вино во кое ќе уживате за време на новогодишните и божиќните празници.

Вареното вино е еден од омилените зимски пијалоци, а најмногу се приготвува за време на празниците. Составен дел е од новогодишните магии, а ќе ја загрее секоја атмосфера.

Состојки:

  • 1 литар црвено вино
  • 1 пакетче кора од цимет или кесичка мелено
  • неколку каранфилчиња
  • 150-200 мл вода
  • 5-7 лажички шеќер (или повеќе ако сакате послатко)

Подготовка:

Advertisement

Растворете шеќер во вода, додадете цимет, каранфилче, кора од портокал и варете додека не испари околу половина од водата. Истурете го виното и загрејте додека не зоврие. Послужете во топли чаши.

Advertisement