За неа важи изразот: „Одмаздата се служи ладна“.




Лив Портилио, сопственик на брендот „DBL Jewellery“, секојдневно објавува видеа на TikTok во кои покажува како изгледа процесот на дизајнирање и изработка на накит. Сепак, последната објава беше нешто поинаква и шокираше многумина, но и ги насмеа.




Една девојка побарала да направи ланче со три женски имиња, а потоа објаснила зошто.




Таа дознала, како што пренесува The Sun, дека нејзиниот партнер бил неверен и сакала да му се одмазди и да го разоткрие пред целото семејство.




Планот бил да направи ланче со имињата на неговите љубовници и да му го подари за шестгодишнината од врската, но и раскинувањето. Лив го сними процесот на изработка на нараквицата и гравирањето на имињата на Ешли, Џенезис и Карен, а видеото го погледнаа повеќе од милион корисници кои не го криеја својот ентузијазам за овој план.




„Само се надевам дека девојката ќе ја долови неговата реакција и ќе ја сподели.
@livportio Reply to @user6170130068874 would u do this?😭 #jewelry #smallbusiness #couples #relationship #cheating #storytime #loveyou
♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey











