Дива свиња каснала 57-годишна жена на плажата во Џенова веднаш откако јадела пица.

Животното ја нападнало Росана Падоан Фалконе на плажата во Стурла, пишува Гардијан.

“Бев на плажа и седев на пешкир. Уживав во ветрето кога до мене се појави дива свиња. Советуваат дека треба да останете смирени за време на ваквите средби, што се обидов. Тогаш дивата свиња дојде до мене и ме гризна за рака. Јадев пица кога се појави прилично големиот вепар. Мислев дека го привлекува пицата и ќе се обиде да ја отвори картонската кутија во која се наоѓаа остатоците од пицата, но наместо тоа ме касна“, изјави 57-годишната жена за Ла Република.

По каснувањето од свињата почнала да вреска. На помош и пришол колега од плажата откако видел дека и крвари раката. Другите панично избегале. Падоан Фалконе завршила во болница, каде и била дадена вакцина против тетанус и антибиотици и лекови за лекување на потенцијалното беснило.

Advertisement

Ова не е прв пат свињи да дојдат на плажа во Џенова. Во јуни група диви свињи се обиде да украде грицки од три лица.

Се верува дека ова е првпат свињи да каснат луѓе на џеновска плажа. Нападите на диви свињи предизвикаа дебата за зголемениот број на диви свињи во италијанските градови. Неодамна, група диви свињи нападна жена на паркинг во Рим кога се враќала од пазарење.

“Нападот на дивата свиња на плажата е знак за пропаѓањето на Џенова. Неприфатливо е граѓаните да се изложени на таков ризик. На плажата до мене беше двојка со бебе во количка. Што ако свињата го каснеше детето? На таа плажа одат и лица со инвалидитет, зошто да бидат изложени на опасност? Треба да се решо тој проблем, вели Падоан Фалконе, пренесе Гардијан.

Advertisement