урведата ќе помогне во менопаузата – еве што користат Индијките над 50 години за да ги намалат непријатните симптоми како топли бранови, зголемен апетит, раздразливост…
Ајурведата е природна гранка на индиската медицина која не ја гледа менопаузата како болест, туку како минлив период кој е исклучително важен во животот на секоја жена. По 50-тата година, многу жени почнуваат да се соочуваат со симптоми на менопауза, од кои многу може да бидат непријатни и негативно да влијаат на квалитетот на животот. На пример, топли бранови, зголемено потење, зголемен апетит, раздразливост, конфузија, намалено либидо, сувост на вагината итн.
Ајурведата го поделила животниот век од 100 години на три дела: првите 25 години, возраст на подготовка, раст и развој; следните 25 години (до 50 години), возраста на достигнување и зрелост; а остатокот од животот (по 50 години) возраста на животно искуство. Според Ајурведата, различни фази од нашиот живот се обележани со доминација на различни доши. Кафа е природно доминантна од раѓање до пубертет, пита е природно доминантна од пубертет до средна возраст, а вата е доминантна по 50-тата година од животот.
Менопаузата го следи преминот од пита во вата фаза од животот. Општо земено, менопаузата покажува зголемување на вата и пита дошата и мала промена во кафа дошата. Ајурведата првенствено се фокусира на спречување на непријатни симптоми за време на менопаузата, па жените на оваа возраст практикуваат менување на одредени навики. Главната цел на ајурведскиот третман е да се балансираат вата и пита дошите, да се подобри варењето (агни) и да се искорени токсините (ама) од телото.
Ајурведските препораки за менопауза вклучуваат:
- Избегнувајте сува, ладна, ферментирана, конзервирана храна, рафиниран шеќер и црвено месо.
- Избегнувајте алкохол и кофеин.
- Редовното, благо-умерено вежбање е добро за борба против симптомите. Се препорачуваат вежби кои го релаксираат нервниот систем, како одење, јога, таи чи и пилатес.
- За да се смири Вата доша, многу е важно да се создадат редовни рутини околу спиењето, храната, работата, вежбањето и времето за семејството.
- Дневна самомасажа со топло масло
а ароматерапијата (мириса на есенцијални масла) може да помогне да се опуштите и да ја намалите раздразливоста и заморот. - Индијките над 50 години посветуваат посебно внимание на лековитите билки во превенција и ублажување на симптомите на менопаузата, па затоа користат: шатавари во прав, морско оревче, куркума, сладунец, брахми, индиска сандала…
- Доколку не сте запознаени со некои од овие билки, вие може да ги најдете во подобро снабдени продавници за здрава храна или билни аптеки. пред употреба, задолжително консултирајте се со лекар.
Извор: Сенза