Имаме рецепт за тесто со кој лебот никогаш повеќе нема да ви биде тврд.




Месеите леб и завршува тврд? Нема проблем! Имаме совет со кој вашето тесто за леб никогаш повеќе нема да биде како питулица.
Се што треба да направите е да додадете компири во тестото и тоа ќе биде меко и воздушно. Подолу е рецепт за тесто за леб што ќе биде „меко како душа“.




Состојки:
- 2 варени компири,
- 500 гр брашно,
- 7 g сув квасец,
- 2 лажички шеќер,
- 2 лажички сол,
- 30 гр масло (полна лажица),
- 230 гр вода.




Подготовка:




Најпрво издробете ги компирите, па ставете ги во микробранова печка околу 10 минути, па изгмечете ги. Во поголем сад измешајте ги компирите, брашното, шеќерот, маслото, солта, квасецот и потоа замесете тесто. Извадете го на набрашнета површина и замесете уште малку, а садот во кој претходно сте го мелеле премачкајте го со масло, па вратете го тестото, поклопете и оставете го да отстои два часа.




Тестото по два часа расукајте го во форма на леб, а потоа исечете го на шест дела. Од секој дел направете мали топчиња и наредете ги во плех обложен со хартија за печење . Потоа покријте го плехот со фолија и оставете го да отстои 20 минути. Печете го кајзерот на 180 степени половина час и потоа уживајте во мекото тесто. Погледнете како изгледа процесот во продолжение:











