Кандида е најчеста габична инфекција кај жените – еве кои се симптомите и како да се лекува!

Повеќето жени добиваат некоја вагинална инфекција во текот на животот, а многу често се работи за габична инфекција – кандида. Симптомите се зголемено лачење кое има густа и бела боја, како и чешање и чувство на печење. Можна е и болка за време или после сексуален однос.

Секој организам ја содржи габата Кандида албиканс, а кога ќе се размножи и шири премногу, мора да се лекува. Секоја девојка или жена може да страда од проблеми поради ширење на оваа габа во вагината, но поретко се јавува пред пубертетот и после менопаузата.

Ризикот од вагинална кандидијаза е поголем кај жените кои се бремени, имаат дијабетес или висок шеќер во крвта, како и кај оние кои користат хормонална контрацепција.

Advertisement

Ако жената пие антибиотици или зема стероиди, постои поголема можност кандида да се шири неконтролирано. Истото се случува и ако се исплакне вагината или ако прекумерно се користат алкални сапуни кои ја оштетуваат природната заштита на слузокожата.

За време и по менструацијата, подложноста на габи е поголема, особено ако хигиенските салфетки или тампони се користат неправилно. Тесната, синтетичка долна облека и танга гаќички се исто така погодни за раст на габите.

За ширење на кандида придонесува и исхрана полна со шеќер и масти, внес на алкохол, стрес, замор, се што го нарушува имунитетот.

Кандида кај жените може лесно да се излечи, но важно е да се оди на лекар и да се провери за каква инфекција станува збор.

Докторот одлучува за начинот на лекување, а за трудниците ќе препорача вагинална терапија. Кандида може да се шири како резултат на автоинфекција, но и поради сексуален пренос. Затоа употребата на заштита при однос е важна заштита.

Advertisement