




Гоце Димовски 12 години e во брак со Дорина. Тешко живеат одамна, но некако го минувале месецот додека биле живи неговите родители. Дорина на родителите и не се сеќава, ги изгубила уште кога била многу мала. Гоце и Дорина немаат елементарни услови за живот, живеат постојано во темница, со скршен мебел, скршени прозорци и ѕидови кои единствено ја отсликуваат тагата и очајот на ова семејство.




– Се трудам, се мачам. Се молам на Господ да заврне дожд, за да одам по печурки, да ги продадам, за да извадам некој денар. Ова е стара куќа од дедо ми, од пред еден век. Се распаѓа од сите страни. Прозорците се искршени, мебелот е прастар. Немам основни услови за живот. На свеќи живеам во 21 век. Ама кога се нема, тоа е.




– Јас од мала сум сирак. Не ги знам родителите. Живеев многу тешко, па си реков можеби во брак е ми биде подобро. Ама сега потешко е. Уште на врат имам и две деца кои немам како да ги прехранам. Колку пати бараат храна, а немам што да им дадам. И гладни ги праќам на училиште-додава Дорина, сопругата на Гоце.




Ова семејство живее со минимални 10.000 денари. Колку и да ги планира и распоредува, тие стигнуваат едвај за неколку денови во неделата. Останатите денови од месецот се моли само да заврне дожд за да може да излезе во шума и да извади некој денар од собирање печурки или полжави.




– Јас и брат ми често одиме гладни на училиште. Таму другарчињата имаат убави облеки, а ние носиме стари алишта. Децата ни се смеат. И на одмор, тие јадат, ние немаме храна. Кога има мама ни праќа сендвичи, но најчесто сме гладни.




Другите дечиња имаат и убави куќи, свои детски соби. Ние спиеме на скршени кревети и од сите страни ни дува. Срам ни е да поканиме деца во нашиот дом. Сакаме и телефон, компјутер … Ако немаме струја, ќе ја штедиме батеријата-скромно и со жар во очите бараат малите Кристина и Александар.




Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите преку телефонскиот број 071/351166 или преку следната жиро-сметка 3000671176890022.




Автор Оливера Петрушевска




Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк Приказна.мк











