Но, има нешто што не знаете за оваа риба.

Осличот е риба која редовно се подготвува на нашата трпеза за време на постот, неделниот ручек, па дури и за прославата.

Лесно се подготвува, не одзема многу време. Со неа домаќинките обично подготвуваат салата од компир или некој зеленчук.Но, има нешто што не знаете за неа.

За пржење користете пченкарно брашно, бидејќи создава „обвивка“ околу рибата, па нема да го впие вишокот масло при пржењето. Послужете го со компир салата или чорба од блитва.

Advertisement

Состојки:

  • 800 гр ослич
  • 100 мл бело вино
  • 150 гр пченкарно брашно
  • 1 лажица масло
  • лук во прав
  • Власец
  • сол, бибер

Подготовка:

Најпрво подгответе ја маринадата, бидејќи рибата треба да одстои во неа. Во белото вино додадете ги зачините и маслото, сè убаво измешајте, па во добиената смеса додадете го осличот исечен на парчиња.  Добро натопете го од сите страни, па оставете го да отстои најмалку два часа. Пред пржење, добро исцедете ја рибата, па превртете ја во пченкарно брашно.

Пржете на длабоко, добро загреано масло од двете страни додека кората не порумени. Погрижете се маслото да биде навистина жешко, бидејќи на тој начин рибата нема да го впие маслото.

Advertisement