Сестринската љубов е бесконечна. Приказната за еднојајчените близначки од кои едната е родена со матка, а другата без неа, е неверојатна и привлекува солзи на очите.

Сестрата која е родена со матка има три деца, додека другата само желба за потомство , која судбината не и ја дала. Поради големата љубов која си ја даваат една на друга, сестрата одлучила да ја подари матката на сестра си. По ова светот ги впери рефлекторите само во нив две не само поради гестот, туку и поради тоа што ова е првата трансплантација на матка во светот.

За оваа транслапнтација двете сестри не сакаат многу да зборуваат.
Докторот Зоран Радојчиќ од Белград вели дека ова било специфичен зафат во однос на останатите.
Тој вели дека на пациентката на која и е трансплантирана матка нема да и бидат потребни лекови за телото да го прифати новиот орган, бидејќи се работи за сестри близначки и составот на органите кај двете е потполно ист.

Операцијата траела 16 часа, а на неа работеле 25 врвни хирурзи од Шведска, САД, Израел и Србија.
По трансплантацијата, на сестрата и е направена вонтелесно оплодување.

Advertisement
Advertisement