Трновитата грмушка облепиха (лат. Hippophae rhamnoides), со привлечни сиво – зелени листови, расте и до шест метри, а илјадници години е составен дел од традиционалната медицина на народот од Тибет. Поради исклучителните лековити состојки на плодот, во светот е позната и како “чудотворна бобинка“.

Кај нас е позната како волчји или кучешки трн. Местото на потекло и е Непал, но денес се одгледува ширум Азија (Јапонија) и Европа. Исклучително е привлечна во есенските денови, кога гранките се преполни со портокалови плодови, кои остануваат дури и кога ќе стегне мразот. Многу е отпорна, па погодна е за одгледување и во лоши климатски услови. Не бара прихранување ниту наводнување, а со коренот цврсто се врзува за земјата и спречува ерозија. Плодот има пријатен, киселкаст вкус и од него се прават одлични сокови, вкусни џемови и вина. Единствена е и поради содржината на масло, кое на Тибет го нарекуваат “масло на животот“. Содржи дури 190 фитонутриенти и биоактивни супстанции, ги поседува сите важни минерали и витамини, поради што е важен антиоксиданс. Портокалово – црвената боја на маслото потекнува од високата концентрација на бета – каротен.

Го викаат и “течен витамин A”, бидејќи има 3 пати од овој витамин од морковот, но и 10 пати повеќе витамин Ц од портокалите, а витамин Е најмногу од сите овошја. Маслото и е богато со фолна киселина (витамин B9), која има клучна важност за регенерација на ДНК. Единствено е растително масло кое истовремено содржи омега масни киселини 3, 6 и 9, но и ретката омега-7 масна киселина. Поради тоа е вистински еликсир во борбата против појава на брчки, губење еластичност и други симптоми на стареење на кожата.

Во козметичката индустрија служи за производство на лосиони, креми и други препарати за нега на кожата. Интересно е што ова масло го користат и руските космонаути за зачувување на кожата од изгореници и зрачења. Со оглед на тоа што поседува антибактериски својства и не предизвикува алергии ниту иритации, се препорачува за лекување егземи, дерматитис, осипи, лузни, изгореници и псоријаза. Елиминира перут и себореја, влијае на пигментацијата на кожата и ги ублажува пегите. Ја јакне косата и помага за нејзина регенерација, посебно ако е оштетена и обоена. Го спречува опаѓањето и ги јакне фоликулите на влакната. Има поволно дејство и врз зачувување на когнитивните функции, односно ја подобрува работата на мозочните клетки.

Advertisement

Ефикасност има покажано кај лекување на дегенеративните невролошки болести, кога доаѓа до влошување на моторичките способности. Лекува гастритис и други болести на желудникот и на дванаестпалачното црево, ги смирува и воспалителните процеси на слузокожата на овие органи. Отстранува кандидијаза, ја поправа нарушената вагинална микрофлора, лекува разни воспаленија и други гинеколошки проблеми.

Го доведува имунолошкиот систем во рамнотежа, делува против замор и стрес, а помага и во создавање на ензимите, кои ги согоруваат масните наслаги при прекумерни килограми. Го намалува нивото на холестерол и шеќер, го штити црниот дроб и го засилува метаболизмот. Ја зголемува еластичноста на крвните садови, па со редовно консумирање на оваа грмушка тие стануваат посилни и помалку склони на пукање. На тој начин се спречува да дојде до артериосклероза и кардиоваскуларни болести.

Кај разни очни проблеми се користи во вид на капки или масло. Витаминот А од ова растение учествува во синтезата на очниот пигмент родопсин, додека витаминот Ц и флавоноидите ја подобруваат циркулацијата на окото и го намалуваат очниот притисок. Здружени, витамините A и E ги намалуваат воспалителните процеси на очите и го штитат ткивото од слободните радикали. Маслото е посебно ефикасно во превенција од настанок на катаракта, глауком, дијабетска ретинопатија и макуларна дегенерација.

Advertisement