Рецептот за успехот на многу турски серии на нашите простори не е тајна. Во повеќето, наративот се сведува на борбата на доброто и злото во која доброто секогаш победува.

И, се чини дека таа формула се продава добро. Турската државна телевизија „ТРТ“ наведува дека во моментов само САД ја надминува турската продукција во продажба на забавни телевизиски содржини, пишува „Индекс.хр“.

Според турската новинарска агенција „Анадолија“ извозот на турската телевизиска продукција се очекува да достигне една милијарда долари во 2023 година.

Имено, турските драми, особено оние со историска содржина, ги обожаваат во арапските говорни подрачја. На Балканот, кај нас и во Шпанија, од друга страна пак, најдобро поминуваат претежно класичните и прилично конзервативни турски љубовни приказни.

Advertisement

Но, дали популарноста на турските серии има и друга страна? На пример, Египет постојано предупредува кога станува збор за турски продуцкии затоа што верува дека Турција преку нив сака да го прошири своето влијание во регионот.

„Историските драми, сместени во времето на Отоманската империја, имаат популистичка приказна“, вели Фејза Акинердем, медиумски социолог од Универзитетот Богазичи во Истанбул.

„Овој вид на серии подготвуваат културолошки плодно тло за политички деспотизам“, вели турскиот новинар во егзил Кан Дундар.

Во исто време, голем дел од сериите кои се присутни и на повеќето наши телевизии, го романтизираат минатото повеќе отколку што се гружат за историската вистина, предупредуваат други критичари.

Имено, нивната содржина е строго контролирана од „РТУК“, основана во 1994 година, како регулаторно тело за медиуми во Турција.

Еден ТВ канал неодамна беше казнет за серија во која вонбрачните врски наводно се прикажувале како „пожелни“. Алкохолот и голотијата исто така не поминуваат низ државната цензура.

„Се*сот, реферирање на различна се*суална ориентација или алкохол се содржини што предизвикаа затворање на некои телевизии со денови“, вели социологот Бесим Кан Зирх од Универзитетот Одту во Анкара.

Во последните две децении, се чини како конзервативноста се враќа на голема врата темелно преструктуирајќи ги медиумите, додава Бесим.

„Зад многу од овие одлуки стои идејата за заштита на идеалите на соврешно турско семејство“, посочува тој.

Медиумскиот социолог Фејза Акинердем, сепак, забележала една промена во содржината на турските серии.

Advertisement