Според сознанијата на астролозите, во три хороскопски знаци се раѓаат идеални сопруги чие семејство, сопруг и деца се секогаш на прво место. За нив нема никакви пречки и на секој начин ќе се трудат да работат во корист на членовите на семејството.




Рак
Раковите најдобро се чувствуваат во кругот на своето семејство. Тие сакаат со целото свое срце и се подготвени да жртвуваат сè за доброто на своите најблиски. Жените родени во овој знак се многу грижливи и нежни мајки и сопруги кои сакаат од својот дом да направат мала оаза и прибежиште.




Тие им угодуваат на своите сопрузи и на своите деца им пружаат неограничена љубов бидејќи се најсреќни кога ќе го видат задоволството на нивните лица. Обожаваат да готват, да прават колачиња и да го украсуваат домот. Тие се перфекционисти во тоа. Понекогаш тие имаат тенденција да претеруваат во таа грижа, кон паника и драма, но тоа е само затоа што ги сакаат членовите на своето семејство.




Лав
Не за џабе се вели дека „лавица се бори“. Токму таква мајка и сопруга се родени во знакот на Лав. Иако се егоцентрични и фокусирани на себе, тие не ги забораваат членовите на семејството и се многу силни, страсни и растреперени. Тие се многу способни, размислуваат рационално и секогаш се тука да помогнат. Сакаат со сето свое срце, но сакаат и тоа да им биде возвратено. Лавиците сакаат несебично и одат до крај. Подготвени се на секаква жртва за нејзиниот сопруг и децата да бидат среќни.




Јарец
Жената Јарец е многу силна и е способна да ги поднесува неволјите стоички, со неверојатна сила и достоинство. Кога има намера нешто, прави натчовечки напори тоа да се случи и ништо не може да ја спречи. Како сопруга и мајка, таа е одговорна, посветена и се придржува до своите обврски.




Со неа сопругот станува стабилен и одговорен, а таа знае да го извлече најдоброто од своите деца, иако е многу строга. Жената Јарец не лета, туку цврсто стои на нозе и секогаш знае што сака, а што не, а од своите најблиски бара почит, силен карактер и упорност, пишува Атма.











