Високобуџетната серија Истанбулската невеста е една од најгледаните и најпопуларни турски драми за последните неколку години.




Серијата го следи животот на една млада пејачка која станува непосакувана снаа во богато турско семејство и всушност се базира на вистинита приказна.




Вистинската истанбулска невеста се викала Улку и токму нејзината судбина било причина да се сними оваа серија, која за брзо време станува голем хит и е продадена во сите земји каде што се емитуваат сериите од Босфорот.




Суреја, скромна девојка од Истанбул ќе се вљуби во маркантниот Фарук. Љубовта станува бескрајна од првиот поглед, од првиот допир, од првите разменети зборови… па, за
двајцата млади не преостанува ништо друго освен брак со кој ќе ја крунисаат својата голема љубов.




Суреја прифаќа да се омажи за Фарук, да ги спакува куферите и заедно со него да се пресели во Бурса во големиот конак на семејството Боран. Девојката од големиот град доаѓа во срцето на Анадолија, каде времето како да застанало.












