Израстоците на дрвото го насликаа она што на младиот човек му изгледаше како јасно дефинирано човечко лице со нос, мустаќи, брада и очи.

Млад човек од Велика Британија тврди дека го видел лицето на Исус Христос на дрвото што го исекол.

Приправник дрвосечач Калум Џонсон сечеше дрва во Wantage претходно овој месец. Додека отстранувал топола висока четири метри бидејќи ги блокирала куќите во близина, дошол до неверојатно откритие.

Јазолот во пресекот го прикажуваше она што на младиот човек му изгледаше како добро дефинирано човечко лице со нос, мустаќи, брадата и очите. Според него, фигурата имала и пуштена коса исто како Исус.

Advertisement

Калум, како што објави таблоидот Дејли Стар, е толку убеден што го нашол Христос на дрвото што сега размислува да стане религиозен.

– Исековме голема топола висока околу четири метри, бидејќи ја блокираше сончевата светлина од околните куќи. Додека мојот колега ја сечеше гранката, таа падна на подот и веднаш го забележав лицето на Исус. Сите го гледавме и мислев дека е неверојатно – изјави тој.

Калум вели дека до тој момент воопшто не бил религиозен, но дека можеби сега ќе ги преиспита своите ставови.

– Никогаш досега не сум видел такво нешто, а моите колеги рекоа дека во нивните 40 години не виделе ништо слично – додава тој.

Меѓутоа, кога „божественото“ лице стигна на интернет, не беа сите толку религиозни, па на пример на некои им личеше на Распутин, а на други на пејачот Кени Роџерс.

Калум сè уште е убеден дека тоа е навистина Исус и сега мисли дека областа треба да се прогласи за свет.

– Некои рекоа дека личи на Боб Рос, луѓето ми предложија да го продадам на ebay за многу пари. Со ова темпо може да стане место за аџилак – рече тој.

Advertisement