Не станува збор за техника или големина на „алатки“, туку за една физичка и навидум неважна карактеристика.




Покрај оваа физичка особина, постојат две психолошки причини кои влијаат на веројатноста за оргазам кај жената. Постојат многу фактори кои влијаат на тоа дали жената ќе доживее оргазам или не – од чувството на релаксација во сопственото тело, љубовните вештини на партнерот , но има и други физички атрибути кои можат да предвидат дали таа ќе има „среќа“ со него“.




Опсежните истражувања базирани на хетеросексуалните жени кои биле во стабилни врски повеќе од шест месеци покажале кои фактори ги поврзуваат со поголема веројатност за оргазам за време на секс со партнерот. Од психолошките, најважни се две – неговата самодоверба и висината на приходите.




Психолозите тоа го објаснуваат низ призмата на таканаречениот алфа мажјак, па жените несвесно ги доживуваат мажите со повисоки примања од себе, но и висока самодоверба, како мажествени и пожелни. Покрај тоа, оргазмот е во силна корелација со тоа колку мажот е физички привлечен за својата партнерка, и на негово големо изненадување, со еден физички атрибут – ширината на рамената. Рамената како клуч за сексуалната моќ? Иако звучи малку бизарно, не е така – објаснуваат експертите.




Имено, ширината на рамената е поврзана со повисоки нивоа на тестостерон и биолошка предиспозиција. За оние кои не се родени со генетска предиспозиција за пошироки рамења, вежбањето е дефинитивно добра идеја, советуваат експертите.











