Tежок живот поминав, да не даде Господ вака на никој, не сакам да барам од луѓето и да буричкам по канти, колку ќе заработам толку, понекогаш само за леб и сол, вака 91-годишната Баба Ѓурга го започнува своето сведоштво.

Продава цвеќе во Карпош, позади Лептокарија за да обезбеди храна за нејзе и нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг 30 години е неподвижен а неодамна починала и една од нејзините три деца.

Дополнителен проблем за Баба Ѓурга на целата мака е што пред еден месец спремајќи ги цвеќињата се лизнала и ја скршила раката.

Доколку се најдете во населоба Карпош, позади Лептокарија, побарајте ја Баба Ѓурга и купете цвеќе, ако ништо повеќе барем за да ја поздравите оваа храбра жена која и покрај сите маки му се радува на животот и не се откажува.

Advertisement

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!

Advertisement