Горанчо Коцев има 50 години. Сам е, и многу тажен. Во семејство од седум деца, нема да се сложува со еден од браќата кој живее во Нови Сад, и пред смртта на татко му ќе ја продаде семејната куќа, а него нема да му даде ниту денар.

Освен по мајка му, која вели дека пред време умрела од тешкиот живот, тој тажи и по едниот брат Тимо. Тој бил со попреченост, а е однесен во Србија само за да му бидат одземени финансиите, кои му следуваат од државата.

– Од мал, татко ми не ме сакаше. Беше многу лош човек. Мајка ми беше многу добра и малтретирана од татко ми. Од таа добрина и од жал за синот кој болен не можеше да го види, зашто татко ми не и даваше пари за пат, таа умре. Ама набрзо по неа и татко ми го стигна казната. Со нас живееше уште еден брат.

Се вика Тимо и роден е со попреченост. Но, брат ми од Нови Сад, направи сè за да го повлече таму, само за да му ги земе парите што тука му следуваат на Тимче-вели Горанчо за „Срце на дланка“.

Advertisement

Додека била мајка му жива, неговиот живот имал некаков ред. Но, откако таа починала, татко му здружен со постариот син од Нови Сад, ја продаваат куќата и ги делат парите. Горанчо останува сам и на улица.

Во дворот на поранешната семејната куќа, право импровизирана просторија која повеќе потсетува на подрум, отколку на дом.

Тој живее во таа преправена просторија која порано била потпорен ѕид. Во неа има само еден кревет, мала печка и комодичка за неговите икони, во чија сила верува и кои единствено му даваат надеж.

– Скромните пет илјади денари што месечно ги земам, не се доволни за да преживеам. Често сум гладен. Но, со ваквиот тежок живот, не ни мислам на храна. Некогаш јадам, некогаш не.

Прашав за да добијам барем еден оброк во народна кујна, ме одбија. Само јас знам како е вака да се живее. Сум правел на сите добро со две раце. Сега ми сечат прст по прст-завршува Горанчо

Доколку сакате да му помогнете на Горанчо Коцев, тоа можете да го направите на телефонскиот број 076/871956 или на оваа жиро-сметка 210501617273677

Автор Оливера Петрушевска

Целаата статија можете да ја прочитате на следниот линк Приказна.мк

Advertisement