Како да ги исчистите рацете откако ќе ги офарбате јајцата?Еден од начините да ги исчистите рацете од бојата за јајца е да ги измиете со оцет. Ставете малку оцет на дланките и тријте со четкичка. Исто така, можете да ставите оцет на крпа или сунѓерче и да ги истриете обоените места.




Друг начин е наместо оцет да користите лимон. Пресечете еден лимон на половина, исцедете го, па на внатрешната страна од кората ставете малку сол и истријте ги обоените места.




Делува и ако ги измиете рацете со сора бикарбона. Намокрете ги рацете со топла вода и ставете сода бикарбона на обоените места. Тријте со четкичка додека не излезе целата боја.




За кој и да било начин да се одлучите, откако ќе ги измиете рацете, намачкајте ги со крема, зашто и оцетот, и лимонот и содата ја иритираат кожата.











