Претседателот Пендаровски на социјалните мрежи се пофали дека имал средба со македонскиот гениј Македон Димитриевски и го кажа својот став преку ФБ пост:

Ми претставува особена чест што имав можност да го запознаам Македон Димитриевски. Малиот генијалец фасцинира со своето знаење по математика, како и со говорењето на странски јазици.

Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата.

Да создадеме стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.

Advertisement
Advertisement