Полицијата од утринава врши серија претреси на повеќе локации во објекти на лица за кои постојат сомненија дека се дел од аферата Диво месо, познат во јавноста како скандал онкологија.

Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја почна екс министерот Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника.

Според нашите информации, претреси се веќе направени кај Н.Н., Е.Џ. и Н.В.. Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од обвинителството за денешните претреси.

Претресите се прават во домовите на лицата за кои постојат сомненија дека учестувале во злоупотребите на Клиниката за онкологија.

Advertisement

Станува збор за најголемата здравствена афера во која се вклучени вработени на клиниката за онкологија, кои наместо да ги лекуваат пациентите, им давале физиолошки раствори, а лековите ги препродавале на црниот пазар.

Во септември обвинителството отвори предистрага, која до ден денес нема никаков епилог.

Advertisement