ДАЛИ ЗНАЕТЕ зошто мачките имаат 9 животи?Со векови се сметале за магични животни: Како се појавил митот дека мачката има девет животи?




Легендата вели така…




Легендата дека мачките имаат девет животи е стара колку цивилизацијата и присутна во сите култури, пишува магазинот „Кат“. Исто така, постои изрека која објаснува дека мачката има три животи – три за играње, три за скитање и три за да остане со својот господар.




Сепак, коренот на митот лежи во фактот дека мачката речиси секогаш ги наоѓа своите стапала и дека благодарение на умешноста, рефлексите и еластичноста може да се извлече од неволјата. Според некои, корените на митот лежат во древниот Египет затоа што богот на сонцето Ра бил прикажан како мачка, а од неговото тело создал уште осум врховни богови, кои претставуваат девет животи во еден.











