Денеска, 29 ноември, православните верници го слават денот на Светиот апостол и евангелист Матеј , а овој празник во народот е познат како Ден на Матеј.
Матеј бил цариник и даночник, но при првиот Господов повик го следел Христа со сето свое срце и со својата волја.
Го напишал и првото Евангелие, Светото Евангелие според Матеј, па затоа е наречен и евангелист Матеј. Св.
Матеј бил очевидец и сведок на Исусовиот живот и земната смрт, воскресението и вознесувањето на небото. По слегувањето на Светиот Дух, апостол Матеј го проповедал Евангелието во Етиопија, Партија и Мидеја, но и во Сирија и Македонија.
Интересно е што Царинската управа на Србија од 2001 година го одбележува празникот Свети Матеј како своја крштеничка слава.
Инаку, овој светец се смета за светец-заштитник на цариниците, даночниците, банкарите и сметководителите.
Затоа не е ни чудо што народот верува дека на овој ден треба да се платат сите долгови и даноци, како и дека е добар ден за читање на Евангелието .
Инаку, за овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, туку се хранел со зеленчук и овошје.