Добро испечете ги во рерна бидејќи така кората ќе биде поубава, а самите пиперки повкусни

Македонските полнети пиперки се полнат со мелено месо и ориз , но пробајте го рецептот од Турција.

Добро испечете ги во рерна, бидејќи така кората ќе биде поубава, а самите пиперки повкусни.

Состојки: 1 кг зелени пиперки 55 мл маслиново масло 2 главици кромид 1 лажица доматна паста 1 лажица лута доматна паста 1 лажичка црвен пипер

Advertisement

Полнети пиперки
1,5 лажички сув босилек 250 гр ориз 2-3 чешниња лук 2 домати 200 мл топла вода

Подготовка: На маслиново масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека да омекне. Потоа додадете ги и двете доматни пасти и измешајте. Посипете ги со слатка пиперка и магдонос, а потоа измешајте и оставете да врие неколку минути. Додадете го измиениот и процеден ориз и убаво измешајте, па додадете го ситно сечканиот лук. Додадете сечкани домати, промешајте и по 5 минути прелијте со вода.

Покријте и варете додека не испари водата. На крај додадете свеж сечкан магдонос. Исклучете го шпоретот и оставете го филот да отстои околу 10 минути.

Зачинети се со два вида доматна паста, па се одлични и за оние кои не јадат месо, но и ако сакате малку полесен оброк кој е заситен.

Пиперките исчистете ги, па со чепкалка прободете ги на неколку места. Се филува со фил, па се редат пиперките во тавата.

Покријте ја секоја пиперка со домат. Во еден сад измешајте ги и доматните пасти, водата и маслиновото масло, па измешајте и прелијте ги со пиперките.

Се пече во загреана рерна на 200°C околу 50 минути.

Advertisement