Акира Накаи е најпознатиот тјунер на Порше, Јапонец кој се осмели да го поправи совршенството и на тој начин заработи милиони
Се започна кога на Акира Накаи дојде Порше на кое му беа потребни мали поправки . Тој го купил автомобилот од сопственикот и започнал сопствено брендирање на овој автомобил. Сето тоа го правел додека го пиел омиленото пиво, по што подоцна го добило името „префинето“ Порше.
Сите оние кои поседуваа Порше сакаа тој конкретен модел да биде персонализиран. Во тоа им помогнал Акира Накаи кој заработува за живот поправајќи го совршенството.
Додека седи на фотелја од осумдесетите, околу него има цигари, кафе и алкохол. Под неговите нозе во куќни влечки има тепих сличен на пиротскиот тепих, а тој е облечен во пижами.
Пуши и гледа во паркираното Порше во неговата гаража. Поршето само што излезе од продавницата. Донесен само до Акира, а тој смислува како да го поправи, разубави, персонализира.
Акира денес има 54 години. За него ништо не се знае освен дека е експерт за „подобрување“ на порше. Не се знае дали има семејство, жена, деца… Се знае само дека основал компанија „Тезак свет“ и која заработува милиони цртајќи го најновиот модел на Порше.
Но, сопствениците на еден од најскапите автомобили му веруваат на Акира. Толку му веруваат што околу овој човек се создал култ. Толпи обожаватели ѕиркаат низ прозорецот на неговата работилница за да видат што прави Акира. А тој… Седи, пуши и гледа во Поршето додека не добие визија како да го поправи.
Само замислете: неговата работа е да го поправи совршенството.











