Брз и лесен начин да ги одржувате јаболките свежи со месеци, а тие ќе бидат одлични кога сакате вкусни колачи или пити.

Можеби не ви изгледа практично да чувате јаболка во текот на зимата бидејќи секогаш може да се најдат на пазарите и во продавницата, но на овој начин е многу полесно. Кога ќе се исечат, попрскаат со шеќер и покриени со вода, готови се. Можете да ги користите кога ви се допаѓа компот, пита со јаболка, колачи… Нема чекање да ги исецкате или да одите до продавница, само земете онолку колку што ви треба.

  • Состојки:
  • 2 кг јаболка
  • сок од половина лимон
  • 1 лажица шеќер по тегла
  • вода

Подготовка:
Во сад истурете вода и сок од лимон. Излупете ги јаболката и исечете ги на коцки. Истурете ги во вода со лимон и оставете ги околу 5 минути.

Потоа ставете ги во стерилизирани тегли и во секоја истурете по една лажица шеќер. Истурете вода до врвот и затворете. Малку протресете ја теглата да се раствори шеќерот, па ставете крпа во тенџерето и наредете ги теглите. Истурете вода речиси до врвот и варете.

Advertisement

Кога ќе зоврие, варете уште 10 минути, па тргнете го од шпорет и оставете во таа вода уште 2-3 часа. Кога ќе се изладат, ставете ги во фрижидер.

Advertisement