Кога во домот ќе остане леб, и отстои ден-два, многумина сакаат во кришки да ги потопат во кајгана од јајца со млеко, потоа да ги испржат во масло. Ова јадење се подготвува скоро во секоја кујна на Балканот, но дали знаеме како ова јадење се вика?

Токму ова прашање го поставил еден твитерџија и предизвикал бура од коментари.

Корисник Нолекоцкалоне закачил слика од јадење и поставил едноставно прашање: Како вие ова го викате?
Повеќето се согласиле дека во прашање се прженици, но биле коментари дека во прашање се: моче, пофезни, рибанки, леб со јајца, похован леб…

Многу несогласувања има и во коментарите, па така еден дел од луѓето го брани ставот на името моче, бидејќи се потопени во кајгана од јајца, а оние кои тврдат дека се прженици, агрументот им е дека се пржат.

Advertisement

Сепак сите се согласиле дека во прашање е одличен појадок, поготово во комбинација со добро сирење или ајвар.

 

Advertisement