Задолжително пробајте го рецептот за либански сос од лук

Либанскиот традиционален сос по текстура наликува на мајонез и обично се подготвува од едноставни и евтини состојки како лук, сок од лимон, масло и сол, како во овој рецепт .

Во Либан обично се служи со голем број јадења, традиционално со помфрит и секое јадење со пилешко . Вкусот е фантастичен и одлично оди со сите јадења, па наш предлог е да го користите за печење, зеленчук на скара, како прелив за тестенини…

Состојки:

Advertisement

30 чешниња лук

1 лажица сол

2-3 лажици сок од лимон

3 чаши масло

Подготовка:

Во блендер сомелете ги чешнињата лук кои претходно сте ги исчистиле и посолете. Постепено додавајте масло и сок од лимон и блендирајте додека не добиете смеса слична на мајонез.

Advertisement