Оние кои страдаат од висок крвен притисок можат да се потпрат и на чај од овие листови

Богатството на растенија во нашата географска широчина ни дава можност не само да се загреваме или разладиме со помош на чаеви, туку и да лечиме разни болести. Листовите од смоква се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со белите дробови , како и за оние кои страдаат од чир на желудникот.

Листот од смоква има антиканцерогени и антидијабетични својства, благодарение на што може да послужи за регулирање на нивото на инсулин и холестерол во крвта и помага во лекувањето на дијабетесот и намалување на отпорноста на инсулин .

На луѓето кои веќе боледуваат од дијабетес им се советува да пијат чај од смоква лист, бидејќи некои научници веруваат дека на овој начин тој дури и целосно би можел да се излечи, пишува Kucnilekar.com.

Advertisement

Корисните својства на листовите од смоква се користат и кај затнати крвни садови – болест која кај народот е позната како Биргер. Оние кои страдаат од висок крвен притисок можат да се потпрат и на чај од овие листови.

Исто така, овие листови се добри за регулирање на нивото на триглицеридите, односно телесните масти. Триглицеридите се клучни за нормалното функционирање на голем број органи во телото, но доколку се складираат во ткивата, можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми – го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и дебелина.

Со помош на лист од смоква дури можете да спречите појава на чир – секое утро треба да џвакате само по еден лист. Покрај сето горенаведено, оваа навика ќе ви помогне и да ја регулирате телесната тежина.

Подготовка на чај: загрејте 250 ml вода до вриење и додадете 3-4 листови смоква. Оставете да врие 15 минути, па тргнете го од оган.

Пијте барем една шолја од овој чај секој ден.

Природните лекови на нашиот портал служат за помош на луѓето. Доколку имате здравствен проблем, прво нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар.

Advertisement