Детството Санела Каришиќ го минува многу тешко. На 17 години останува без татко. Речиси цел живот, живее со маки. Зашто не е лесен животот без татко-ќе рече таа.

Мајка и ја принудила да се омажи млада, па така еден ден таа животот и надежите ги сели во Оризари, Велешко, надевајќи се дека загубата на татко и, ќе ја пронајде во љубовта на сопругот.

Од сегашна перспектива, откако се омажив животот ми стана бетер, вели Санела. Родив два сина, но, поголемиот е има аутизам и церебрална парализа, и можеби тоа беше пречка среќно да живееме.

Сопругот ме изневеруваше и дома ми донесе друга жена. Таа му роди дете и јас морав да ја напуштам куќата. Ме пушти само со синот со попреченост. Другото дете ми го зема.

Advertisement

Не дека до тој ден живеев убаво, но, веќе шест години сум сама без покрив на главата и со дете со попреченост, кое немам пари за да го нахранам.

– Ја изгубив и помладата сестра. И нејзината смрт ме докрајчи. Многу бевме поврзани и не можам да ја преболам. Од тој ден и јас започнав да тонам. Добив парализа на телото од силен стрес. А морам да се грижам за син ми.

Доколку сакате да му помогнете на Санела и нејзиното семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 071/308735 или следнава жиро-сметка 210501628103630

Целата сторија можете да ја прочитате на следниот линк Приказна.мк

Advertisement