Марија преку суд ги избркала своите синови од дома, бидејќи не сакала повеќе да ги издржува иако работеле и земале плата.

Слично како и кај нас, познато е дека во Италија младите , дури и оние кои се малку помалку млади, остануваат долго со своите родители.

Меѓутоа, Марија (75) од градот Павија решила да стави крај и по судски пат да ги избрка своите возрасни и не толку мали синови од куќата. Според локалните медиуми, нејзините синови имаат 40 и 42 години.

Жената се обидела да ги убеди своите синови, кои се и вработени и се издржуваат, да се иселат, но тие одбиле.

Advertisement

„Тие двајца не сакаа ни да слушнат за тоа“, вели таа, пренесува „La Provincia Pavese“, а пренесува „Најжена“.

Имено, таа ги издржувала додека биле невработени и очекувала да излезат од дома кога ќе најдат работа. Но, тоа не се случи. Наместо тоа, двајцата браќа не придонеле за домашните трошоци, не ги платиле сметките и не и помагале во домашните работи, пишува италијанскиот весник.

Откако нејзините молби не вродиле со плод, мајката се одлучила на драстична мерка и побарала од судот иселување. Судијката Симона Катерби пресуди во нејзина корист.

Судот пресуди дека првично, додека браќата биле невработени, „родителот бил должен да ги издржува“. Но, откако почнале да заработуваат, „веќе не изгледало оправдано“ со оглед на тоа што „двајца од обвинетите се постари од 40 години“, се наведува во пресудата. Синовите имаат рок до 18 декември да се иселат.

Во одлуката на судијата се наведува и дека не постои одредба во законодавството со која на возрасно дете му се дава безусловно право да престојува во дом што е исклучиво во сопственост на родителите, против нивна волја и исклучиво врз основа на семејни врски .

Со овој чин, многу е веројатно дека односите меѓу мајката и синовите станале покомплицирани.

Advertisement