На прославата на Видовдан во Палатата Србија присуствуваа и Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ.




Премиерката и нејзиниот емотивен партнер се појавија рака под рака на настан од национално значење. Тие беа многу убаво расположени и совршено прилагодени стајлинзи, кои веднаш ги привлекоа сите погледи.




За свечената пригода докторката донесе бел фустан со детаљ од нане, кој ја следи линијата на телото со шлиц на страна. Во раката имала мини чанта, а деталите од нане на нејзиниот аутфит одговарале на премиерскиот костум.




Премиерката Ана Брнабиќ во оваа свечена пригода избра индиго костум кој го искомбинира со класична бела кошула која е парче за сите времиња и тенок кафен ремен.




Премиерката и нејзината сопруга долго време не се појавуваа заедно во јавноста, па сега привлекоа големо внимание и кај гостите и кај медиумите.




Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ во текот на целата вечер беа фокусирани една на друга, видно блиски и приврзани. Според мислењето на многумина, тие се модел како се гради и одржува семејство, па не чуди што нивната врска е постојана тема на јавноста.











