Уапсен маж откако во грчки ресторан шутнал маче во морето.
Доколку биде прогласен за виновен и осуден за злоупотреба на животни, на мажот му се заканува казна затвор до 10 години и максимална парична казна од 50.000 евра.




На снимката од шокантниот инцидент се гледа како три лица вечераат надвор во приморски ресторан на островот Евија.




Две слатки црно-бели мачки им приоѓаат барајќи храна, а еден човек тргнува да намами мачиња мавтајќи со риби.




Кога мачето се приближува на неколку сантиметри од масата, мажјакот го клоца го фрла во морето.
На видеото се гледа жена како се смее додека другото маче бега.




Мештаните наводно го однеле мачето на ветеринар на преглед, а за среќа било неповредено.
Видеото предизвика негодување на социјалните мрежи во Грција, што доведе до апсење на човекот.




Реагираше грчкиот министер за полиција кој рече дека „насилството врз животните е неприфатливо“.




Тој ги пофали луѓето кои реагираа, што доведе до апсење на насилникот.











