Магарешкиот трн е двогодишно растение, кое првата година развива голема розета од зашилени листови. Растението ‘рти на есен по првите дождови и во текот на првата година егзистира како розета, обликувајќи цврст, месест вретенест корен кој оди до над 30 cm под земја како резерва за храна.

Магарешкиот трн во светот се продава како украсно растение. Покрај ова, на некои места го користеле за лечење на рак и чир, како и за намалување на лачења од мукусните мембрани. Чашката порано се јадела како артичока. Понекогаш луѓето ги собирале памучните влакненца и со нив полнеле перници. Некогаш од семињата се цедело масло за расвета, огрев и готвење.

Додека повеќето градинари се брзаат да го искорнат овој плевел од нивниот градинарски кревет, овој човек е горд на неговиот речиси 4 метри висок магарешки трн.

Џон Лоуд (86) верува дека бодликавото растение, кое го зафаќа поголемиот дел од неговата градина, би можело да биде највисоко растение што му е познато на човекот.

Advertisement

Пензионираниот рудар е од Ланголд, Нотингемшир. Официјалниот Гинисов рекорд за примерок од овој тип растение засега е регистриран во Канада. Г-дин Лоуд верува дека неговиот трн веќе има поставено нов рекорд.

Advertisement